Новото засилување на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез, нема да чека долго за своето деби за новиот тим. Всушност, Чилеанецот уште утре ќе се појави на терените во дресот на „црвените ѓаволи“, на мечот против Јеовил во рамките од 1/16 – финалната фаза од ФА купот на Англија.
Сепак, Мурињо не откри дали Санчез ќе започне од првата минута или ќе добие шанса во текот на мечот, од клупата за резерви. Фудбалерот веќе одржа тренинг со новите соиграчи и е подготвен за настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА