Алексовски: Респект за Струга ТЛ, но шампионот не е непобедлив

Работнички во осмото коло од Првата фудбалска лига утре гостува во Струга каде ќе ги одмери силите со актуелниот првак, тимот на Струга Трим Лум.

Голманот Игор Алексовски вели дека Струга ТЛ е одличен тим и заслужува максимален респект, но далеку од тоа дека е и непобедлив состав.

„Му гостуваме на шампионот. Секако дека тоа е голем предизвик за нас. Максимално го респектираме противникот, имаат квалитетен состав, но, сепак, не се и непобедливи. Ние веруваме во нашите квалитети, добро работевме во изминатиот период и се надеваме дека ќе одиграме квалитетно и ќе оствариме позитивен резултат“, вели Игор Алексовски.

Работнички во пресрет на утрешниот натпревар во Струга (15 часот) се наоѓа на шестата позиција со 10 освоени бода, а Струга ТЛ е седмопласирана со девет бода, но со само четири одиграни натпревари.

Се вчитува...