Македонскиот боксер Ален Рустемовски утре ќе боксува во финалето во категоријата до 57 килограми на Европското првенство за помлади јуниори до 23 години кое се одржува во Ереван, Ерменија.
Ален во полуфиналето славеше против Артрур Аветикјан со едногласна судиска одлука, па сега ќе се бори за златниот медал на шампионатот во утрешното финале од 18 часот против Јури Аветијан од Русија.
Адријан Рустемовски, пак, во категоријата до 60 килограми го освои бронзениот медал, откако во полуфиналето загуби од Русинот Матиев со прекин во третата рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

