Работнички назначи нов шеф на стручниот штаб, на местото на Ердем Арпаслан кој се раздели со тимот после поразот од Башкими. Нов тренер на „романтичарите“ е Ален Тупајиќ, кој доаѓа од БиХ.
Последен клуб кој го водел му бил Бор, а претходно беше тренер и асистент во бугарскиот тим Литекс Ловеч. Претходно беше асистент во многу клубови од регионот.
Тупајиќ своето деби на клупата на Работнички ќе го има на натпревар со Струга ТЛ на 24. ноември. Тој ќе има задача да го извади тимот од кризата и да се обиде да избори опстанок, со оглед дека на клубот од Дебар Маало сезонава му се заканува испаѓање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

