Алесандро Флоренци ја заврши кариерата

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Алесандро Флоренци денес објави дека ја завршил својата играчка кариера.

Флоренци (34) ја започна својата играчка кариера во Рома, а потоа играше за Кротоне, Валенсија, ПСЖ и Милан. Тој го напушти Милан во јуни оваа година, а за „росонерите“ играше во последните четири сезони.

Флоренци одигра 49 натпревари за италијанската репрезентација од 2012 до 2022 година и постигна два гола. Со селекцијата на Италија го освои Европското првенство, кое се одржа во 2021 година.

Се вчитува...