Формула1 тимот на Алфа Ромео денеска и официјално го претстави својот болид за наредната сезона, што ќе го возат Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.
Италијанската компанија минатата сезона го имаше својот камбек во Ф1 како спонзор на Заубер, за од 2019 под сопствен бренд да почне да се натпреварува како дел од овој шампионат. Болидот Ц38 беше претставен денеска во Барселона, но почетокот е далеку од посакуваниот откако Кими Раиконен по неполни пет круга загуби контрола и остана „закопан“ во песокот крај патеката.
Во Алфа Ромео дефинитивно ќе имаат полни раце работа до стартот на новата сезона, закажан на 17 март во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА