Алфа Ромео го потврди останувањето во Формула 1 на уште најмалку една сезона. Италијанскиот произведувач на автомобили во 2018 година се врати во Формула 1 по повеќе од 30 години, потпишувајќи договор за техничко и комерцијално партнерство со Заубер, а од 2019 година Заубер беше преименуван во Алфа Ромео.
Сега е продолжен договорот на уште една година, два дена пред почетокот на Гранд При викендот во Имола.
Освен што го продолжија договорот врзан со Формула 1, Алфа Ромео и Заубер во иднина ќе соработуваат на дизајнот, развојот и производството на новите модели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА