Alfa Romeo Tonale e најпосакуван премиум автомобил во Македонија за 2023 година

Alfa Romeo Tonale триумфираше на овогодинешното издание на националниот избор Златно Тркало и ја освои титулата Најпосакуван Премиум автомобил во Македонија за 2023 година.

Значењето на награда е големо затоа што гласањето се одвиваше онлајн од страна на пошироката јавност и за Tonale гласаа дури 35.64% од гласачите во категоријата.

Alfa Romeo Tonale е првиот електрифициран SUV на Alfa Romeo и моделот со кој марката влезе во светот на електрификацијата, притоа задржувајќи ја својата ДНК недопрена, израз на благородната италијанска спортска природа од 1910 година.

Единствениот италијански дизајн го наоѓа својот одраз во врвната технологија и поврзаноста на највисоко ниво, потврдено преку софистицираниот систем за информирање и забава.

За Tonale, марката смисли уникатни и ексклузивни технички решенија за да ја подобри својата ДНК и да му понуди на купувачот неспоредливо возачко доживување, типично за марката, каде прецизното внимание на деталите се спојува со континуираната потрага по највисок квалитет.

Дознајте повеќе за новото Tonale во салоните на Alfa Romeo во Македонија или на alfaromeo.mk

Се вчитува...