Албанскиот тим Фламуртари од Валона е новиот клуб на играчот од средниот ред Али Адем. Тој во овој тим доаѓа од редовите на Шкупи, каде настапуваше во последните две години.
Адем е дете на Вардар, а покрај Шкупи, имаше и кратка одисеја во Солун, во тимот на Арис, каде што не ја доби потребната шанса, па како слободен во 2022 година се пресели во Шкупи.
Со оглед дека станува збор за албански второлигаш, овој трансфер на Адем е целосно изненадување. За Шкупи минатата сезона одигра 27 натпревари, и постигна еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА