Шкендија и Шкупи одиграа натпревар без голови во дербито на 8. коло од Првата македонска фудбалска лига. Голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски беше најзаслужниот што чаирчани се вратија непоразени од Тетово, извонредно интервенирајќи во неколку наврати.
Фудбалерот од средниот ред на Шкупи, Али Адем, пак, вели дека на крајот ремито е реално ако се погледнат сите случувања на теренот во Тетово.
„Натпреварот беше вистинско дерби, со шанси на двете страни, но и двете екипи не успеавме да дадеме гол. Мислам дека следејќи ги советите на тренерот имавме контрола на играта и натпреварот. Имавме проблеми бидејќи и теренот не беше на нивото на кое сме навикнати, но тоа е фудбалот и мора да сме задоволни со бод. Сега ни следи малку одмор, па продолжуваме со максималните тренинзи на патот до остварување до целите“ – вели Адем во изјава за официјалната интернет-страница на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

