„Алијанц Арена“ ќе свети помалку за да штеди струја

Фудбалскиот гигант Баерн Минхен не е пример само на теренот, туку во моменталната ситуација на енергетска криза управата усвои пакет мерки за штедење.

Според пишувањата на „Билд“, одлучено е да се гасат светлата на стадионот од надвор порано, односно ќе бидат вклучени само три часа откако ќе падне мрак, наместо сегашните шест.

Греењето на тревникот на стадионот ќе биде префрлено од гас на пумпи на топол воздух, за кои струја ќе произведуваат соларните панели на стадионот. Работата на климатизерите ќе биде намален, а ложите ќе бидат ладени или греени по потреба.

Во тоалетите посетителите ќе може да користат само ладна вода.

Се вчитува...