Алиќ: Дербито за врвот со Шкендија е прв вистински предизвик за Силекс!

Силекс престојниов викенд го очекува дербито против Шкендија за врвот во Првата  македонска фудбалска лига.

Стрелец на првиот пролетен гол за кратовци Ади Алиќ вели дека е среќен со постигнатиот погодок на претходниот дуел со Тиквеш, иако посакува резултатите позитивно да говорат за Силекс наредниот период.

„Среќен сум поради постигнатиот гол, но за жал, не успеавме да дојдеме до трите бода, што секако не беше резултат на кој што се надевавме. Сепак, продолжуваме со напорна работа и гледаме кон следниот натпревар“ – вели Алиќ, дополнувајќи околу очекувањата за пресметката со Шкендија.

„Што се однесува до претстојниот натпревар со Шкендија, свесни сме дека не чека голем предизвик против директниот ривал за врвот на табелата. Имаат доста квалитетни индивидуалци, но верувам во нашиот тим и верувам дека секој играч ќе даде се од себе за да во недела оствариме добар резултат“.

Се вчитува...