Мирко Алиловиќ на крајот од сезоната заминува од Веспрем, а на негово место треба да дојде Арпад Штербик од Вардар. Хрватскиот голман беше на голот на унгарскиот шампион во изминатите седум сезони, а сега ќе го замени Веспрем со Сегед.
Во ПИК Сегед, 32-годишниот Алиловиќ ќе го замени шпанскиот голман Хозе Мануел Сиера кој има договор до јуни 2018 година. Со реализацијата на овој трансфер, Алиловиќ на голот на ПИК Сегед ќе му се придружи на својот сонародник Марион Шего.
На голот на Веспрем останува унгарскиот репрезентативец Ролан Миклер, а капитално засилување за унгарскиот шампион треба да биде ангажманот на Штербик за кој наскоро се очекува и официјална потврда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА