Фудбалската репрезентација на Македонија утре на домашен терен ќе ја пречека Белгија во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски откри лошо вести пред утрешниот меч. Тој на официјалната прес-конференција изјави дека под знак прашалник за утрешниот меч се Исник Алими, Бојан Димоски и Кристијан Трапаноски.
“Се соочуваме со дополнителни проблеми пред утрешниот меч. Под знак прашалник за дуелот против Белгија се Исник Алими, Бојан Димоски и Кристијан Трапаноски”, изјави Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

