Фудбалерот од средниот ред на Шкендија, Арменд Алими добро знае дека тимот потфрли во двомечот со естонски Номе Калју во првото квалификациско коло од ЛШ, па сега сите се подготвени во второто квалификациско коло од Лига Европа против Дуделанж да го покажат својот квалитет.
„Свесни сме дека не бевме на потребното ниво против Номе Калју. Но, утре имаме шанса да се поправиме и да оствариме позитивен резултат. Треба да бидеме одлучни и да наметнеме своја игра. Верувам дека имаме квалитети за тоа да го оствариме. Го почитуваме Дуделанж, но на теренот се покажува кој е подобар. Верувам дека ние ќе покажеме дека сме подобри“ – вели капитенот на тетовци.
Натпреварот меѓу Шкендија и Дуделанж се игра утре со почеток од 17:55 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА