Новиот македонски репрезентативец Исник Алими постигна два гола во победата на неговиот Сепси над Ботошани со 5-2 во 13. коло од романското првенство.
Македонецот беше успешен од белата точка во 38. минута, а потоа ја затресе мрежата и во 66. минута постигнувајќи го четвртиот гол за својот тим на натпреварот.
⚽️ 𝐆𝐎𝐀𝐋 | Sepsi OSK 2-1 FC Botoșani | Isnik Alimipic.twitter.com/WUrCzfkLFk
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 23, 2023
За Алими тоа е четврти гол во досегашниот дел од првенството. Притоа има и два асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

