Алими и Садики засилувања за Беса

Второлигашот Беса Добридол ги претстави првите засилувања, Арменд Алими и Бурим Садики.

35-годишниот Алими игра во средниот ред, а доаѓа од редовите на Работнички каде ја мина минатата сезона. Во кариерата Алими играше и за Ермис и Неа Саламис од Кипар, шведски Еребро, хрватска Истра, како и македонските Шкендија, Милано и Башкими.

Садики, кој има 33 години, доаѓа од тимот на Арсими.

Се вчитува...