Новиот капитен на Шкендија, Арменд Алими верува дека македонскиот шампион може до триумф против велшки ТНС утре во првиот натпревар од 1. квалификациско коло за ЛШ кој од 20 часот се игра на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
„Подготвени сме за дуелите со ТНС. Добро работевме во текот на подготовките и веруваме во успех. Имаме информации за противникот, играат островски фудбал, но ние сме фокусирани на нашата игра. Посакуваме победа без примен гол и со предност да заминеме на реваншот во Велс“ – истакна Алими на денешната средба со медиумите, притоа дополнувајќи:
„Морам да кажам дека ми е посебна чест што ќе ја носам капитенската лента во тимот на Шкендија оваа сезона“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА