Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Исник Алими одличната форма од репрезентативниот дрес ја пренесе и во неговиот клуб, романскиот Сепси.
Алими денеска одигра уште еден одличен натпревар во дресот на романскиот прволигаш откако успеа да се запише и во листата на стрелците во убедливиот триумф на домашен терен против Ботошани од 3-0.
Алими беше стрелец на вториот гол за својот тим од белата точка во 63. минута.
Преостанатите два гола за Сепси ги постигнаа Дебељух во 10. и Оберлин во 87. минута од натпреварот.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА