Душан Алимпијевиќ повеќе не е тренер на Црвена звезда, откако младиот стратег самиот си замина од оваа одговорна функција по најновиот пораз во домашното првенство, овојпат од тимот на Мега.
Алимпијевиќ пристигна на клупата на „црвено-белите“ на местото на Радоњиќ, но не ги оправда очекувањата, најпрвин не успевајќи да се најде во четвртфиналето од Евролигата, а потоа и губејќи во финалето од АБА-лигата од екипата на Будуќност.
Тој имаше и разочарувачки старт во српскиот шампионат губејќи од Борац Чачак, тогаш неговата оставка беше одбиена, за овојпат челниците на „црвено-белите“ да увидат дека Алимпијевиќ не може да најде излез од кризата и да решат да се разделат од овој стручњак. Како што јавуваат српските медиуми, улогата на прв тренер во наредниот период ќе му припадна на неговиот досегашен помошник Миленко Топиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА