Алиоски добива соиграч и од Атлетико Мадрид

Клубовите од Саудиска Арабија не запираат со преговорите со врвни фудбалери од Европа, па така Ал Ахли на нашиот Езгијан Алиоски е во завршни преговори за засилување од Атлетико Мадрид.

Станува збор за Маркос Љоренте, шпанскиот репрезентативец кој одлично се снаоѓа на неколку позиции во тимот и кој во следните 24 часа би требало и официјално да се пресели во Ал Ахли. Тој има уште една година од договорот со Атлетико, па мадридскиот клуб е подготвен да го продаде за „само“ 20 милиони евра, далеку пониска сума од неговата вредност на пазарот.

Љоренте веќе ги има договорено личните услови за тригодишен престој во Ал Ахли и го чека само исходот на преговорите од клубовите пред да замине на лекарски прегледи и потпис во Саудиска Арабија.

Ал Ахли е еден од најактивните тимови на пазарот, откако ги доведе голманот на Челси, Менди, потоа Фирмино од Ливерпул, Марез од Манчестер Сити и Сан Максиман од Њукасл.

Се вчитува...