Алиоски добива уште една легенда на Ливерпул за соиграч?

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски може да добие уште еден легендарен фудбалер на Ливерпул за соиграч во Ал Ахли откако клубот кој неодамна го ангажираше Роберто Фирмино цели и на трансферот на Садио Мане.

Сенегалскиот репрезентативец кој претходната сезона се пресели во редовите на Баерн Минхен е на излезни врати од „Алијанц Арена“ по кавгата со Лирој Сане, а тоа сака да го искористи саудискиот клуб со богата финансиска понуда.

Интерес за фудбалерот кој во деби сезоната за баварците одигра 38 натпревари во сите натпреварувања, а постигна 12 голови и шест асистенции не покажува само Ал Ахли туки и останати саудиски клубови, но засега ставот на Мане за прселба во егзотичната држата останува непознат.

Се вчитува...