Алиоски ги собра симпатиите – Фенербахче почна преговори за да го откупи договорот

Езгијан Алиоски ги собра симпатиите во Фенербахче, па раководството на турскиот гигант планира да го задржи македонскиот репрезентативец и по истекот на позајмицата од Ал Ахли на крајот од сезонава. Како што информираат турските медиуми, Фенер веќе ги почнал преговорите со клубот од Саудиска Арабија за целосно да го откупи договорот на Алиоски, при што се очекува тоа да биде за сума помала од еден милион евра.

Алиоски пристигна во Фенербахче пред два и пол месеци, на стартот не беше најдобро физички подготвен, но македонскиот интернационалец ги импресионирал сите со професионалноста и залагањето на тренинзите. Иако не е прва опција на лев бек на сите натпревари, Алиоски секогаш дава се од себе без оглед колкава минутажа ќе добие, став со кој го импресионирал и тренерот Жезус, кој дал зелено светло за нашиот репрезентативец да остане меѓу „сино-жолтите“ од Истанбул.

Алиоски сезонава настапи на вкупно 12 средби за Фенербахче, при што постигна еден гол и една асистенција. Сепак, се очекува како што одминува сезоната така и овие бројки се повеќе да растат.

Се вчитува...