Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски приреди пријатно изненадување за својот татко, подарувајќи му го автомобилот за кој сонувал целиот свој живот.
Пред само еден месец Алиоски замина од швајцарскиот Лугано потпишувајќи за англиски Лидс. Па веднаш по преселбата на Островот го почести својот татко со нов Мерцедес.
„Денеска го изненадивме таткото на Езгијан Алиоски со специјален подарок од неговиот син, автомобилот кој отсекогаш го сонувал“ – објавија на социјалните мрежи од Агенцијата која го застапува македонскиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА