Фудбалскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски и капитенот на ракометаната репрезентација, Кире Лазаров се единстевните двајца македонски спортисти меѓу најдобрите на Балканот.
Во изборот што го организира Бугарската телеграфска агенција (БТА), а во кој гласаат сите национални агенции од регионот, титулата најдобар спортист на Балканот му припадна на хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ, освојувач на „Златната топка“ и на наградата од ФИФА за фудбалер на годината.
На второто место во изборот на најдобрите на Балканот е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, а трета е романската тенисерка Симона Халеп.
Езгјан Алиоски заврши на 17.место, а Кире Лазаров е на делба на 21.место од вкупно 32 номинирани спортисти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА