Алиоски и Лидс до три бода против Барнли

Џани Алиоски ги одигра сите 90 минути за Лидс во денешниот дуел со Барнли, на кој избраниците на Марсело Биелса славеа со 1-0 и експресно се опоравија од убедливиот пораз од Манчестер Јунајтед минатото коло.

Мечот беше решен уште во петтата минута, кога судијата досуди сомнителен пенал за домаќините, ВАР ја потврди неговата одлука, по што Бамфорд биеше прецизно од белата точка. Барнли уште во првото полувреме постигна гол за израмнување, но гостите повторно протестираа на судиската одлука, откако погодокот беше поништен поради контакт со голманот во неговиот петерец.

Алиоски одигра квалитетно на лев бек, добро ги заврши дефанзивните задачи, a на спротивната страна во првото полувреме имаше и убава можност да го изненади противничкиот голман, но неговиот обид беше непрецизен.

Се вчитува...