Езгјан Алиоски и Лидс јунајтед се нови лидери на Чемпионшип-дивизијата откако тимот од „Иланд роуд“ попладнево славеше со 1-2 на негодното гостување против Виган.
Лидс во раната фаза од натпреварот се најде во негатива, но најпрвин во 10. минута израмни преку Хернандез, за потоа на почетокот од второто полувреме да го комплетира пресвртот со голот на Руф.
Алиоски ги одигра сите 90 минути за Лидс, кој со овие три бода се искачи на првото место на табелата, со 30 бода по 16 одиграни кола и подобра гол-разлика од Норвич.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА