Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски имаше една од клучните улоги во големата победа на Лидс со пресврт од 2-3 на гостувањето против Астон Вила во последниот меч од 23. коло во Чемпионшип лигата во Англија. Лидс дојде до триумф по прсврт и покрај тоа што имаше негатива од 0-2 по првото полувреме.
Но, гостите до триумфот дојдоа во 95. минута со голот на Руф, по акцијата која од левата страна ја имаше Алиоски.
Македонскиот фудбалер одигра квалитетен натпревар во гостинскиот тим играјќи ја и една од клучните улоги во офанзивата во второто полувреме, и покрај тоа што не успеа да се запише во листата на стрелците наспроти двете убави шанси по соло акции.
Астон Вила во првото полувреме постигна два гола преку Абрахам во 5. минута и Хурихан во 17. минута, но Лидс со головите на Кларк во 56. минута и Џенсон во 61. минута дојде до израмнување. На крајот, во 95. минута, следеше шокот за домашните буквално во последната секунда од мечот.
Лидс по оваа победа се врати на врвот од табелата со 48 бода, еден повеќе од второпласираниот Норвич.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА