Пол Хекинботом е назначен за нов менаџер на клубот од втората дивизија во Англија, Лидс јунајтед. Екипата за која настапува и нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски добива нов стратег по отказот на Томас Кристијансен, Хекинботом потпиша договор на една и пол сезона, напуштајќи го кормилото на Барнсли. Интересно, тој пред само четири дена потпиша нов договор со Барнсли, но очигледно дека понудата од Лидс јунајтед не можел да ја одбие.
Кристијансен мораше да биде заменет поради лошите резултати во последно време, Лидс во последните шест меча е без победа (четири порази и две реми) во Чемпионшип, па смена на шефот на стручниот штаб беше неизбежен потег.
По 30 кола во првенството Лидс се наоѓа на 10. позиција со освоени 44 бода, амвициите кои беа поставени пред почетокот на сезоната се повеќе се далеку од дофат, а Хекинботом ќе има тешка задача да ги врати во трката за место во плеј-офот, а потоа да се пласираат меѓу трите екипи кои ќе играат во најелитната англиска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА