Алиоски има потпишано за Галатасарај, но се плаши од навивачите на Лидс

Езгијан Алиоски својата кариера дефинитивно ќе ја продолжи во Галатасарај откако потпишал договор со овој клуб. Ова го тврди турскиот медиум „Фотомак“, повикувајќи се на извори од раководството на Галата дека сите детали се веќе договорени и дека се чека единствено на официјална потврда од турскиот гигант.

Тоа не се случува на барање на самиот Алиоски, кој стравува од реакцијата на навивачите на Лидс кога би се дознало дека македонскиот ас заминува во редовите на омразениот ривал. Омразата меѓу Лидс и Галата датира пред дваесетина години, кога по тепечка на навивачите на двата клуба двајца фанови на Лидс го загубија животот во Истанбул. Поради ова минатиот месец навивачите на Лидс јавно побараа од Алиоски кога веќе заминува од премиерлигашот, тоа само да не биде во Галатасарај, што уште повеќе влијаело врз македонскиот репрезентативец.

Трансферот беше начелно договорен уште во февруари, а откако се средени и последните детали самиот Алиоски инсистира да се почека до крајот од сезонава пред и официјално да се пресели во Истанбул.

Се вчитува...