Алиоски: Имав и други понуди, но Елмас ме убеди да потпишам за Фенербахче!

Репрезентативецот на Македонија, Езџјан Алиоски од вчера и официјално стана нов фудбалер на турскиот гигант Фенербахче.

Левиот бек ќе биде вториот македонски фудбалер кој играл за клубот од Турција после Ељиф Елмас, кој беше дел од овој клуб во периодот од 2017 до 2019 година.

Алиоски за медиумите откри дека токму Елмас пресудил во изборот на новиот клуб.

„Имав и други понуди од Турција и од Европа, но тоа што можам да кажам е дека Елмас ме убеди да дојдам во Фенербахче“, изјавил Алиоски за турски медиуми.

Македонецот во Турција доаѓа на едногодишен заем од саудиски Ал Ахли, а Фенербахче ќе му ја покрива половина од платата, додека другата половина ќе биде обврска на тимот од Џеда.

Се вчитува...