Алиоски извонреден, Ал Ахли до победа во 96. минута (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски одигра одличен натпревар за Ал Ахли во победата од 1-0 над Ал Акдуд во 3. коло од шампионатот на Саудијска Арабија.

Алиоски го одигра целиот дуел и е еден од најдобро оценетите фудбалери на теренот, во мечот во кој неговиот тим до победата дојде со голот на Френк Кеси а на асистенција на Фирмино во 96. минута.

Ал Ахли има максимален број бодови по три кола на врвот од табелата во Саудијска Арабија заедно со екипата на Ал Итихад.

Се вчитува...