Лидс јунајтед в недела со гостувањето против Болтон ја стартува новата сезона во Чемпионшип-дивизијата, во која еден од главните адути на тренерот Томас Кристијансен ќе биде токму Езгјан Алиоски, кој ќе го носи дресот со број десет на клубот од „Иланд роуд“.
Македонскиот репрезентативец минатиот месец потпиша за Лидс од редовите на Лугано, имаше неколку импресивни настапи на пријателските натпревари, наметнувајќи се како еден од лидерите на тимот за новата сезона.
Иако на промоцијата позираше со дресот со број девет, денеска сепак беше обелоденето дека Алиоски ќе настапува со „десетка“ на грбот, оставајќи му ја деветката на најдобриот стрелец од ланската сезона, Крис Вуд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА