Алиоски: Ќе се вратам посилен, благодарам за поддршката

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски мораше со хируршки зафат да ја санира повредата на менускусот на левото колено која ја заработи на вчерашниот меч против Бренфорд. Тој го напушти натпреварот во 11.минута и веднаш беше јасно дека повредата е сериозна. Денеска беше опериран и за него сезоната е завршена.

„Благодарам за убавите желби и пораките на поддршка. Ќе се вратам посилен, напред Лидс“, порача Алиоски од болничкиот кревет.

Тој речиси сигурно ќе ги пропушти двата квалификациски меча на македонскиот национален тим во јунската сесија, против Полска и против Австрија.

Се вчитува...