Турскиот фудбалски гигант, Галатасарај е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Лидс се уште калкулира околу продолжување на договорот на Алиоски, а доколку од премиер-лигашот наскоро не му понудат нов, целата ситуација сака да ја искористи турскиот гигант и за без пари да го доведе во своите редови.
Алиоски во 2017 стигна во Лидс каде досега забележа 150 настапи, од кои три беа во Чемпионшип, а годинава е стандарден и во Премиер-лигата. Претходно, во кариерата настапуваше и за швајцарските Лугано и Шафхаузен, а годинава со репрезентацијата на Македонија ќе настапи и на Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА