Алиоски: Лев бек во Лидс и во македонската репрезентација се две различни работи

Езгијан Алиоски повторно е миленик на навивачите на Лидс, по неколкуте одлични натпревари што македонскиот репрезентативец ги одигра во својот клуб на позицијата лев бек. По критиките на адреса на Алиоски по неговите променливи игри како крилен офанзивец, тој одлично се снаоѓа во новата улога што му ја даде менаџерот на Марсело Биелса.

Сакам да играм во нападот, тоа не е тајна, но доброто е што кога играш лев бек за Биелса тоа не е дефанзивец, туку повеќе како крило. Јас имам играно на оваа позиција и во македонската репрезентација, но тоа е сосема поинаква ситуација од Лидс бидејќи во националниот тим има тројца централни дефанзивци, што ми дава слобода повеќе да делувам како крило. Во клубот имам поголема одговорност во одбраната, но кога ја имаме топката во посед Биелса ми даде слобода да останувам на противничката половина. Имам играно слично и во Швајцарија, така што немам проблем со адаптацијата“ – изјави Алиоски.

Македонскиот интернационалец е единствениот фудбалер што беше стартер на сите натпревари на Чемпионшип-дивизијата. Лидс моментно се наоѓа на првото место на табелата со 61 бод, пред Норвич со 60 и Шефилд јунајтед со 58 бода на своето салдо.

Се вчитува...