ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски
Езгијан Алиоски делуваше крајно разочарано на крајот од дуелот со Австрија, на кој македонската репрезентација прими два гола во самиот финиш и претрпе пораз од 3-1.
„Ми фалат зборови, не знам што би кажал. Знаевме дека Австрија е добра репрезентација, со квалитетни индивидуалци и се силни на физички план. Направивме две грешки по кои што бевме казнети со два гола. Супер игравме, но примивме два гола во финишот што го расипаа впечатокот. Штета што поради поразот многумина ќе мислат дека не сме подготвени, но ние 70 минути игравме многу добар фудбал. Тоа е тоа, мораме да играме 90 минути за да стигнеме до добар резултат. Одиме напред. Немаме време, сега треба што поскоро да имаме рекуперација и да се свртиме кон Украина. Имаме нула бодови, но и уште две средби, ништо не е загубено. На крајот ќе видиме каде сме“, порача Алиоски.
Македонија ќе се сретне со Украина веќе в четврток со почеток во 15 часот, повторно на Националната арена во Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА