Фудбалската репрезентација на Македонија квалификациите за Евро 2024 ги заврши со голем бод освоен во битката против големата Англија во Скопје (1-1). Нашите репрезентативци први поведоа, но на крајот мораа да се задоволат со бод.
Репрезентативниот бек Езгијан Алиоски кој одигра неверојатен меч против Букајо Сака вели дека во иднина мора да играат на ова ниво и против помалку атрактивните противници…
„Тимски добро одигравме и тактички добро стоевме, а тоа ни требаше. Тешко беше да создаваме шанси и да имаме посед, меѓутоа во дефанзива бевме добри и така треба да играме против поголемите екипи. Против големите екипи имаме фокус и сме добри, но треба исто и против Украина, Грузија… Со ваква концентрација и дисциплина како против Англија, може да направиме нешто и за иднината“, изјави Алиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА