Алиоски му исполни желба на слеп навивач на Лидс (фото)

Езгјан Алиоски блеска во дресот на Лидс јунајтед со настапите во Чемпионшип-дивизијата, но македонскиот репрезентативец ги освојува симпатиите со својата скромност и човечност надвор од теренот.

Тој важи за еден од милениците на навивачите поради подготвеноста во секој момент да одвои дел од своето време за нив, а доказ за тоа е и последниот пример. Алиоски бил на вечера со своите пријатели кога му се приближило слепо лице со навивачки шал на Лидс јунајтед. Навивачот сакал да го допре Македонецот за да го осети неговото лице, а Алиоски без никаков проблем му го дозволил тоа. Случајот набрзина се пренесе преку социјалните мрежи, а фановите уште еднаш се преполни со комплименти за македонскиот ас.

„Голема благодарност до Езгјан Алиоски што му дозволи на мојот слеп вујко да му го прекине оброкот за да му ги почувствува очите. Многу му значеше тоа. Извинување што те прекинавме“ – напиша внукот на слепото лице, уште еднаш потенцирајќи ја човечноста на нашиот интернационалец.

Се вчитува...