Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и дефинитивно нема да биде дел од Фенербахче идната сезона.
Тоа стана јасно откако левоногиот крилен фудбалер на социјалните мрежи се збогуваше од турскиот гигант.
“Секогаш е тешко да се каже збогум, но таков е животот. Благодарам за големата поддршка и ми беше чест што бев дел од овој голем клуб”, напиша Алиоски.
Сега тој ќе се врати во Ал-Ахли кој ќе одлучува за неговата иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА