Алиоски не „мрда“ од Ал Ахли, побара да биде регистриран и да настапува за екипата!

Езгјан Алиоски не е пријавен за настап за неговиот Ал-Ахли, и од почетокот на оваа сезона до сега не игра натпревари за својата екипа. Одлуката беше македонскиот репрезентативец да не биде вклучен на списокот на пријавени играчи, поради преголемиот број на странци во тимот.

Имаше шпекулации дека Алиоски ќе се врати во Швајцарија, или дека ќе оди во Турција, но веројатно тој ќе остане во Ал Ахли до крајот на договорот. Според медиумите во Саудиска Арабија, тој веќе побарал од клубот да биде регистриран за настап, и тренерот Матијас Џесли ќе ја донесе одлуката.

Се погласни се шпекулациите дека двајца странци Роберто Фирмино и Мерих Демирал ќе заминат од екипата, поради тоа што искажале незадоволство од фудбалот во земјата, па така би се отворило место за македонскиот интернационалец да биде регистриран. Ако тоа се случи, тогаш голема е веројатноста Алиоски да остане во Ал Ахли.

Се вчитува...