Алиоски, неочекувано, пред заминување од Ал-Ахли

Македонскиот интернационалец Езгјан Алиоски е пред заминување од Ал-Ахли, тврдат медиумите во таа земја. Дел од нив пишуваат дека Алиоски веќе го напуштил тимот.

Со ангажманот на Габри Веига, бројот на странци во клубот се зголеми на девет, а имаат право да регистрираат само осум, па така се шпекулира дека изборот паднал токму на Алиоски.

Алиоски минатата сезона ја мина како позајмен во Фенербахче, а сезонава се врати во Ал-Ахли, и одлично ја почна сезоната во првенството на Саудиска Арабија, меѓутоа, еве, сега, неочекувано е пред заминување од тимот.

Се вчитува...