Езгјан Алиоски во најскоро време ќе добие нов тренер откако Томас Кристијансен вечерва си поднесе оставка од менаџерската функција на „Иланд роуд“.
Лидс јунајтед влезе со големи амбиции во оваа сезона, предводен од Алиоски имаше и одличен старт, но како што одминуваше времето, така и резултатите на овој клуб се движеа во надолна линија. Во последните седум кола Алиоски и соиграчите не забележаа ниту една победа, Лидс падна на десеттото место на табелата, по што Кристијансен самиот реши да си замине.
Езгјан Алиоски сезонава постигна пет погодоци во Чемпионшип дивизијата за својот клуб, но и македонскиот интернационалец се вклопи во сивилото на својот тим во последните два месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА