Алиоски останува во С.Арабија, два клуба можни варијанти за иден клуб

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски, заминува од тимот на Ал-Ахли, и има две варијанти за продолжување на кариерата во Саудиска Арабија. Ал-Шабаб и Ал-Етифак е една од можните следни дестинации на левокрилниот фудбалер.

Ал-Ахли бара играч од тимот на Ал-Шабаб, и како дел од трансферот бил подготовен да го испрати токму Алиоски и да доплати. Станува збор за фудбалерот Мотеб Ал-Харби.

Ал-Етифак, пак, би можел да го земе Алиоски како позајмен играч до крајот на сезоната, со можност да откупи. Оваа варијанта одговара и за Ал-Ахли, со оглед дека идната сезона се менуваат правилата за странци. Сега се дозволени осум странци, а Ал-Ахли има девет. Но, од следната сезона ќе може повеќе.

Се вчитува...