Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски по долга пауза од 538 дена одново заигра на клупско ниво. Бекот беше дел од натпреварот на Ал Ахли во азиската Лига на Шампиони.
Во победата на неговиот тим над Ал Гарафа со 4-2 Алиоски влезе во игра во 75. минута и го доврши натпреварот.
Македонецот не е регистриран за настап за својот тим во саудиското првенство поради ограничениот број на странци, но е за интернационалното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА