Алиоски повреден, Лугано не дозволува да дојде, неизвесен до крај за мечот со Данска

На списокот на новиот македонски селектор Гоце Седлоски е и стандардниот левокрилен дефанзивец Езгијан Алиоски, но неговиот настап на бараж-пресметката за пласман на СП 2026 се уште е неизвесен поради повреда.

Седлоски информираше дека од неговиот тим, швајцарскиот Лугано не дозволува негово доаѓање во Скопје на репрезентативниот собир, поради што неизвесен е неговиот настап против Данците.

„Муслиу беше повреден, тренираше и играше за вториот тим. Но, тој ја надмина повредата и очекувам да биде подготвен. Алиоски е исто така повреден, а медицинскиот тим на неговиот тим не дозволува да дојде во Скопје. Но, ќе видиме што ќе каже нашиот лекарски тим“ – информираше Седлоски.

Се вчитува...