Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски дефинитивно ова лето го напушта швајцарскиот Лугано. Според последните информации кои пристигнуваат од Островот, Алиоски веќе сериозно е пред трансфер во англискиот чемпионшиплигаш Лидс јунајтед.
Изминативе месеци активни беа шпекулациите дека Алиоски кариерата ќе ја продолжи или во Германија или во Англија. Претходно се спомнуваа Лестер и Хал како негови можно следни дестинации, но сега англиските медиуми како безмалку сигурен го пренесуваат трансферот во Лидс.
На клупата на Лидс е данскиот стратег Томас Кристиансен кој претходно беше и тренер на Иван Тричковски во АЕК Ларнака.
Лидс јунајтед минатата сезона заврши на седмата позиција во Чемпионшип лигата, за малку не успевајќи да се избори за место во Премиер лигата следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА