Алиоски: Премиер-лигата е најдобриот шампионат во светот… Не мрдам од Лидс

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски ги демантираше сите шпекулации околу негово заминување од Лидс Јунајтед и премин во турскиот Галатасарај.

Тој за англиските медиуми вели дека е среќен во Лидс и дека не планира да замине од клубот, од кој е дел од 2017 година.

„Сакам да играм за овој клуб. Мене ми е убаво во Лидс. Уживам да играм во овој стил во кој игра клубот. Сакам да учам и да напредувам секој ден. Нема нешто поубаво од тоа да играте во Премиер-лигата каде се едни од најдобрите фудбалери во светот. Со најдобрите клубови и најдобрите фудбалери во светот можеш да покажеш кој си навистина ти. Обожавам да играм со моите соиграчи и да покажаме колку сме навистина силни“, изјави Алиоски. 

Алиоски се уште го нема продолжено договорот со премиерлигашот, но по последните информации кои доаѓаат од Англија само прашање е на време кога популарниот Џани ќе стави потпис на новиот договор со англискиот клуб во кој е член од 2017 година.

Се вчитува...