Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски продолжи со голгетерскиот ритам во Чемпионшип – дивизијата. Тој постигна одличен погодок на гостувањето против Барнсли. Пред самиот истек на првото полувреме, Алиоски упати силен и прецизен удар од 16 метри и го совлада противничкиот гол, носејќи водство за Лид јунајтед од 0-2 по првиот дел. Алиоски беше асистент и на првиот гол за Лидс јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА