Алиоски: Разочарани сме, но покажавме дека можеме да играме добар фудбал против секого

ЕКИПА во Прага,

Горан Бошев

Големо е разочарувањето во таборот на нашата репрезентација по несреќниот пораз од Украина во Прага, што значеше и практично губење на сите шанси за пласман на ЕП 2024.

Украинците славеа со 2-0, но македонските фудбалери се прикажаа во добро светло, создадоа неколку стопроцентни шанси, а токму тие промашувања пресудија овој меч да го завршиме со наведната глава.

„Покажавме дека можеме да играме добар фудбал против било која репрезентација. Несреќно загубивме. Имавме многу шанси, но за жал не ги искористивме, за разлика од противникот. Тешко е, разочарани сме, но фудбалот е тоа. Дадовме се од себе да ги израдуваме навивачите, но овој пат не успеавме“, изјави Езгијан Алиоски веднаш по натпреварот.

Се вчитува...